Линкови за пристапност

Њујорк тајмс:  САД вршат тајни операции против Ал-Каида


Њујорк Тајмс тврди дека американската армија од 2004-та – наваму извршила десетиан тајни напади врз Ал-Каида и други терористички групи во Сирија, Пакистан и други земји.

Во напис објавен на 10-ти ноември, весникот цитира неиуменувани виши американски официјални лица кои тврдат дека нападите ги овластил со доверлива наредба тогашниот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд а ги одобрил претседателот Џорџ Буш.

Тајмс тврди и дека со наредбата американската армија добила ново овластување да ја напаѓа Ал-Каида насекаде во светот, како и да врши операции во земји кои не се војна во САД.

Според весникот, наредбата утврдила 15 до 20 земји каде се верува дека оперираат или се кријат милитанти на Ал-Каида, како Сирија, Пакистан, Јемен, Саудиска Арабија и неколку држави од Персискиот Залив.

XS
SM
MD
LG