Линкови за пристапност

Луѓе кои прават разлика во животот:  Сатајар Стритер 


Населбата Анакостиjа во главниот град Вашингтон важи за една од најопасните и тешки за живот области во земјата. Младиот психолог Сатајар Стритер, со диплома што би и` овозможила да работи каде ќе посака, реши токму таму да ја започне кариерата.

Стритер помага на девојчиња од Анакостија во училишните домашни задачи. Девојчињата се членуваат во извидници. Пред две години, Стритер го основаше огранокот на оваа организација во Анакостија - предградие на Вашингтон зафатено од криминал, со деца кои не одат на училиште и мноштво бремени тинејџерки. Таа решила да помогне – да развие самопочитување и упорност кај девојчињата да останат на училиште.

- Дојдов овде да им покажам дека имаат друг избор и дека животот не мора да е мизерен, вели Стритер.

По дипломирањето, Стритер со колешката Киа Милс започнале семејна терапија и часови за родителство во Анакостија. Првите три години Стритер работела без плата. Кога локална филантропска група дознала за нејзината работа, приложила 50 илјади долари.

Стритер вели дека и таа имала ментори низ тешкото детство, и дека сега е време таа да врати нешто на локалната заедница:

- И` должам на оваа заедница, и затоа се вратив, да „отплатам“ колку што можам.

Стритер била под старателство од 11 годишна возраст. Никогаш не го запознала татко и, а живеела со ментално болна мајка која не можела да се грижи за неа:

- Откако мина многу време во болница, започна сама да се лекува со кокаин, и во текот на поголемиот дел од мојата младост, таа беше наркоманка.

Стритер не се смета за религиозна, но вели дека нејзиниот богат духовен живот ја одржал:

- Имав многу верба дека можам да направам разлика во оваа заедница и дека мојот живот ќе биде различен од на оние околу мене.

Верува дека еден ден ќе се омажи и ќе има свое семејство. Сега-засега, Стритер ужива да помага во заедницата од каде го започнала својот подем кон успехот, и покрај исклучително малите шанси за тоа.

XS
SM
MD
LG