Линкови за пристапност

Бугајски се надева на компромис околу името, предочува дека во спротивно има опасност од нестабилност во регионот


„На двете страни треба да им се укажат алтернативите ако не дојде до компромис, како што е можноста за зголемување на нестабилноста на Балканот“, вели Јануш Бугајски од Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон во кусото интервју за Гласот на Америка на македонски.

- Мислам дека ќе има компромис, а тоа ќе биде модифицирано име што не го поткопува македонскиот идентитет и нејзината меѓународна позиција. Јас сметам дека - да се надеваме - ќе се случи до министерскиот совет, но најверојатно пред следниот Самит на НАТО, смета Бугајски.

На која од страните во процесот треба да биде насочен притисок да се постигне решение? Бугајски вели:

- Не треба да има притисок. Треба да има разбирање на двете страни – тие имаат специфични позиции што треба да се ускладат. На двете страни треба да им се укажат алтернативите, ако не дојде до компромис, како можноста за зголемување на нестабилноста на Балканот.

На прашање дали грчката страна има разбирање колку на Македонија и е` важен идентитетот и јазикот, Бугајски коментираше дека Грција разбира, но дека вистинското прашање е дали прифаќа име на држава што нема претензии спрема нејзиното наследство или идентитет.

Дали се можни промени на политиката на САД спрема Македонија по претседателските избори во ноември?

- Не гледам некои големи разлики меѓу двата кандидати за иднината на уставното име на земјата или името на државата која се користи во меѓународните односи. Мислам дека обајцата сакаат да видат компромис за името, рече Бугајски.

XS
SM
MD
LG