Линкови за пристапност

Војновиќ за проблемот околу името:  Мора да се постигне некаков вид на компромис


На маргините на Републиканската национална конвенција во Сент Пол, сојузната држава Минесота, сенаторот од Охајо Џорџ Војновиќ за Гласот на Америка изјави дека мора да се постигне некаков вид на компромис во врска со името.

Глас на Америка на македонски: Кој е вашиот став за актуелните преговори под покровителство на ОН за прашањето за разликите за името меѓу Македонија и Грција?

Џорџ Војновиќ: Веќе долго време сум инволвиран во тоа. Проблемот е што на крајот ќе мора да има компромис. Грците се определени дека ќе останат на своето. Проблемот во моментов е - што граѓаните на Македонија треба да го разберат - новата македонска влада вели дека нема да се откаже од името, а грчката влада – дека нема да биде Македонија. Се наоѓаме во ќорсокак. Некој мора да попушти. Мора да се постигне некаков вид на компромис, но, за жал, ова стана политичко прашање. Луѓето кои живеат во Македонија треба да имаат волја да се обидат да изнајдат некое решение – да го задржат името Македонија, можеби Северна Македонија, што и да е`, за да се обидат да постигнат решение, затоа што тоа во моментов е исклучително важно. Со години работам Македонија да влезе во НАТО, поради фактот дека не можете да влезете во НАТО ако една членка гласа против, а Грција така гласа.

Глас на Америка на македонски: Зошто притисокот за изнаоѓање решение е секогаш врз Македонија?

Џорџ Војновиќ: Притисокот треба да биде на обете страни да седнат на преговарачка маса и да изнајдат некое решение.

XS
SM
MD
LG