Кина во офанзива да ги шармира десетиците илјади странски посетители на Пекинг за Игрите. Кинезите засадија 40 милиони цвеќиња во акцијата за разубавување на градот. Дел од нив, со помош на генетски инженеринг, ќе ги издржат горештините и влажноста на воздухот за време на игрите. Собрана е армија доброволци за да им помогне на туристите. Ли Кан е еден од нив:
- Го сакаме Пекинг и нашата земја. Ова е наша должност.
Толку многу луѓе се пријавиле да помогнат, што
властите морале да одбијат дел од нив.
Таксистите во Пекинг се трудат да говорат на
англиски. Наложено им е да носат кошули
и вратоврски.
Се води и кампања за сузбивање на обичајот да се
плука. Полицијата е на штрек. Прекршителите ги очекува казна за секоја
плуканица.
По медиумите и преку брошури се води кампања за бон-тон и
учтивост.
- На луѓето им велиме дека не е учтиво веднаш да
прашат некого за возраста, дали е во брак, и колку заработува, вели владиниот претставник за култура Жен Моџи.
Офанзивата за шармирање не е ограничена само на
луѓето. Група џиновски панди беше
избрана за олимписки маскоти. Од мај ги
посетија милиони лица. Така и пандите
и` помагаат на Кина во помекиот имиџ што сака да го добие во светот.