Линкови за пристапност

САД ги засилија санкциите спрема Бурма


Пет години во САД има забрана на увезување од Бурма како протест за задушување на демократијата, вклучувајќи го и продолжувањето на домашниот притвор на про-реформската активистка Аунг Сан Су Чи.

Претседателот Буш ја потпиша легислативата со која се продолжува забраната, но и посебен документ со кој се забранува увоз на скапоцени камења од Бурма преку трети земји.

Господинот Буш имаше куса изјава пред потпишувањето на актите:

-За бурмискиот режим, пораката е следна: САД веруваат во демократија и слобода.


Зад претседателот стоеше Првата дама Лора Буш и неколку членови на Конгресот. На церемонијата беа и членови на семејството на починатиот конгресмен Том Лантос, долгогодишен борец за човековите права во Бурма.

Владата во Бурма беше критикувана за блокирање на странските пратки помош по мајскиот циклон што остави повеќе од 100 илјади луѓе мртви или исчезнати. Минатогодишното задушување на протестите на будистичките калуѓери донесе широка меѓународна осуда.

Запрашана дали санкциите се ефикасно средство за донесување промена во Бурма, портпаролот на Белата Куќа Дена Перино кажа дека тие може да бидат ефикасни и дека САД работат унилатерално и мултилатерално тоа да го обезбедат.

XS
SM
MD
LG