Линкови за пристапност

Хантер: Македонија ќе влезе во НАТО


Во пошироко интервју за Гласот на Америка, експертот за НАТО, Роберт Хантер е голем оптимист за изгледите Македонија скоро да влезе во алијансата. Еве ги неговите зборови:

-НАТО е јасен од самиот почеток на процесот на проширување, пред повеќе од една деценија. Државите кои се подротвени да ги прифатат барањата за членство, што опфаќа многу работи – демократија, работење на нивните економии, надминување на минатото, реформирање на армијата, - и со време ќе станат дел од НАТО, ако се произведувачи, а не само консументи на безбедноста.

Македонија беше поканета да се приклучи, но таа и Грција треба да работат на тоа кое име Македонија ќе може да го има. Мислам дека Грците овде не се однесуваат рационално и дека треба да извршиме голем притисок на Грција. Но, Македонија секако ќе влезе.

Роберт Хантер беше американски амбасадор во НАТО во администрацијата на Претседателот Клинтон., а сега е виш советник во корпорацијата РАНД. Се смета за главен архитект на „Ново НАТО", водејќи го Северноатланскиот Совет во имплементирање на одлуките на НАТО самитите од 1994 и 1997, како и во донесување на одлуката за воздушен напад со што прекина војната во Босна.

XS
SM
MD
LG