Линкови за пристапност

Британија ќе замрзне ирански имот и средства поради нуклеарниот спор


Британија најави дека ќе го блокира имотот и средствата на најголемата иранска банка бидејќи официјален Техеран се` уште не ја намалил загриженоста на земји од Западот кои се сомневаат дека Иран развива програма за нуклеарно оружје.

Британскиот премиер Гордон Браун го објави блокирањето на заедничка прес-конференција во Лондон со американскиот претседател Џорџ Буш.

Браун рече и дека нешто подоцна неделава ќе изврши притисок врз другите европски земји да се согласат на нови санкции против Техеран:

- Доколку Иран продолжи да ги игнорира резолуциите што го покажуваат нашето единство по прашањето, да ги игнорира нашите понуди за партнерство, тогаш немаме друг избор освен да ги заостриме санкциите. Британија денес ја повикува Европа, а Европа ќе се согласи да преземеме натамошни санкции против Иран.

Претседателот Буш, пак, не ги исклучи останатите мерки, меѓу кои и воена акција, велејќи дека „сите опции се на маса“.

Западните земји се обидуваат да го убедат Иран да запре со нуклеарниот процес на збогатување на ураниум. Шефот за надворешна политика на Европската унија Хавиер Солана во саботата понуди нов пакет поттици на ирански претставници. Тој оцени дека средбата минала „подобро од очекуваното“.

Ирански претставници велат дека ќе одговорат кога целосно ќе го разгледаат предлогот.

XS
SM
MD
LG