Линкови за пристапност

Десет илјади жртви на циклонот


Официјални лица постојано ги обновуваат бројките загинати , како што доаѓаат нови вести од погодените регионот. Десетици илјади лица се водат за исчезнати, додека стотици илјади се без покрив над глава. Има драстичен пораст на цената на храната и бензинот. Владата го означи градот Рангун и уште пет централни и јужни провинции за најпогодени области. Меѓу оние кои го напуштија Рангун е и поранешниот министер за демократија и интеграции на Шведска, Јенс Орбак, кој за Гласот на Америка изјави дека градот е парализиран.

Некои сведоци на природната непогода се жалат дека владата не прави доволно да им помогне на приживеаните од бурата. Група за заштита на човековите права вели дека стражарите од бурманскиот затвор Инсеин застрелале 36 затвореници во бунтот кој избувнал по циклонот. Асоцијацијата за заштита на политичките затвореници со седиште во Тајланд додаваат дека бунтот почнал откако затворниците се обиделе да запалат оган да се стоплат. И покрај нередите, бурманската воена влада соопшти дека референдумот за уставните промени ќе се организира според планираното – во сабота.

XS
SM
MD
LG