Линкови за пристапност

Буш ќе изврши притисок НАТО да ја „заврши борбата“ за Авганистан


Во белешките подготвени за утрешниот самит на НАТО, господинот Буш предупредува дека екстремистите повторно ќе се зацврстат во Авганистан и ќе го тероризираат авганистанскиот народ доколку НАТО потфрли да дејствува решително.

Во однос на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, господинот Буш рече дека потребата за ракетна одбрана е „реална“ и „итна“.

Американскиот претседател на прес-конференција во Киев, по средбата со украинскиот претседател Виктор Јушченко, пред да замине за самитот во Романија, кажа дека ќе се заложи и да започне процесот за членство во НАТО за Украина и Грузија – и покрај енергичното противење на Русија.

Обајцата рекоа дека проширувањето на НАТО не е насочено против Русија и подвлекоа дека Москва нема вето врз прашањето.

Буш истовремено ја отфрли можноста за спогодба – да се откаже од американската поддршка за Украина и Грузија во замена за руска согласност за американскиот план за инсталирање противракетна одбрана во Централна Европа. Русија енергично е против и проширувањето на НАТО, и системот.

НАТО-членките Германија и Франција изразија резерви околу подготвеноста на Украина и Грузија за процесот за членство. Во Париз, францускиот премиер Франсоа Филон го повтори ставот на својата земја со кој би се оневозможило едногласното одобрување на Самитот во Букурешт.

На Самитот во Букурешт се очекува покани за членство да добијат Албанија, Хрватска, и евентуално Македонија.


На Самитот во Букурешт се очекува покани за членство да добијат Албанија, Хрватска, и евентуално Македонија.


XS
SM
MD
LG