Линкови за пристапност

Буш, Обама и Клинтон го вртат вниманието кон Ирак


Американскиот претседател ја одбележа петтата годишнина од инвазијата на Ирак со говор во кој ја бранеше војната и предупреди дека повлекувањето би врачило победа на терористите.


Џорџ Буш во Пентагон кажа дека тој нема да избрзува, и покрај притисокот да го намали американското армиско присуство во Ирак.

Секое натамошно намалување на силите ќе биде засновано на советите на американските команданти во Ирак, подвлече претседателот.

На петгодишнината се одржаа антивоени протести ширум САД, како во главниот град Вашингтон и во Мајами во Флорида.

Демократскиот претседателски кандидат Барак Обама порача дека војната ги направила САД понебезбедни, а ги охрабрила Ал-Каида, Талебан, Иран и Северна Кореја.

Противкандидатката Хилари Клинтон подвлече дека во Ирак загинале над 4.000 американски војници.

Таа смета дека војната ја довела во прашање армиската моќ и економската безбедност на земјата.

Победникот од дуелот Обама-Клинтон ќе се соочи со републиканскиот кандидат Џон Мекејн на директните избори во ноември.

Мекејн е енергичен поддржувач на ирачката војна и натамошното американско воено присуство.

Главниот американски командант во Ирак, генералот Дејвид Петреус и амбасадорот Рајан Крокер наредниот месец треба да поднесат проценка на ситуацијата до претседателот и Конгресот.

XS
SM
MD
LG