Линкови за пристапност

Рајс замина за Египет


Израел се повлекуваше од Газа во време кога Рајс замина за регионот од Вашингтон. Но, израелската воена офанзива со цел да се спречи ракетирање од позициите во Газа под контрола на Хамас го принудија палестинските претседател Махмуд Абас да се повлече од мировните разговори со Израел.

Заменикот-портпарол на Стејт департментот Том Кејси изјави дека патувањето на Рајс ќе и даде можност да чуе лично од Абас и од зраелскиот премиер Ехуд Олмерт што се случува и да се обиде да ги увери двете страни да се придружуваат на мировната рамка од конференцијата во Анаполис од минатиот ноември за до крајот на годината да се постигне договор.

Кејси ја повтори осудата на САД спрема Хамас за ракетните напади врз израелски градови во близина на појасот Газа, но истакна дека Израел треба внимателно да ги измери последиците од одмазничките напади кои може ќе уследат:

-Не верувам дека ќе ве изненади ако кажам дека дека Израел има право на самоодбрана. Но, секогаш бараме од Израел да покаже соодветно разбирање за ситуацијата од хуманитарен аспект во Газа и териториите. Жалиме за загубата на недолжни човечки животи и секако се надеваме дека акциите наскоро ќе запрат.

Кејси рече дека Хамас, кој ја презеде контролата врз Газа пред близу една година, се однесува

„нихилистички“, и дека повеќето Палестинци, во појасот Газа или на Западниот брег, сакаат договор кој вклучува две независни држави со Израел, ако за тоа има шанса.

Рајс ја започна турнејата со прва станица во Каиро.

Таа ќе се сретна со претседателот Хосни Мубарак и со шефот на дипломатијата Ахмед Абдул Гиет и првиот човек на разузнавањето Омар Солиман на разговори во кои ќе бидат вклучени египетските напори за стопирање на трговијата со оружје во Газа од нивна територија.

Израелски официјални лица обвинија дека проектили од иранско потекло со подолг дострел отколку палестинските ракети Касам се прокриумчарени во Газа и со нив е стрелано деновиве врз израелскиот пристанишен град Ашкелтон.

Рајс ќе се сретне со палестинскиот претседател Абас и премиерот Салам Фајад, а најавени се разговори и со израелскиот премиер Олмерт и министерот за одбрана Ехуд Олмерт, пред да замине за Брисел на средбата со колегите од НАТО.

XS
SM
MD
LG