Линкови за пристапност

Шефер: НАТО не игра директна улога во прашањето за името, но се надева дека ќе биде разрешено


Генералниот секретар на НАТО Јаап де хоп Шефер на прашањето на Гласот на Америка на македонски дали прашањето за разликите околу името меѓу Република Македонија и Грција е пречка за покана изјави:

- Билетите за покана, дури и во овој момент кога говориме, не се заверени. Нема автоматизам во однос на поканите. Земјите во прашање треба да продолжат со процесот на реформите и тој процес треба да стане неповратен. На вториот дел од прашањето, јасно е дека сите одлуки во НАТО - не само за проширувањето - се носат со консензус. Ако клучниот збор е консензус, сите 26 членки треба да се согласат. Иако можам веднаш да ви кажам дека прашањето со името не е директно прашање за мене како генерален секретар на НАТО, затоа што дискусиите за него се водат на друго место, во надлежност на Нимиц, под чадорот на ОН, се надевам дека во престојните 22 дена до Самитот на НАТО Букурешт може да се најде решение и оти по тоа прашање има флексибилност од сите страни. Мојата последна реченица би била дека една од двете земји е во НАТО, а другата не е, ако го разбирате мојот помалку енигматичен последен дел од одговорот, рече Шефер.

Да, разговарав со претседателот Буш во Овалната какнцеларија во Белата куќа за името - потврди Шефер, но одби да даде повеќе детали за содржината на разговорот. Во понеделник тој најави дека ќе замине за Атина на средби со премиерот Костас Караманлис и министерката за надворешни работи Дора Бакојани.

Кој е ставот на НАТО за правото на Грција да стави вето на аспирациите на Македонија за членство? Шефер со став:

- НАТО не игра директна улога во прашањето, затоа што за тоа двете страни разговараат со посредство на ОН. Не велам дека тоа не е релевантна тема за НАТО, но ќе ја повторам мојата последна помалку енигматска реченица дека една од страните е дел, а другата се` уште не е членка на НАТО – или попрво би требало да кажам дека се` уште не е.

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер имаше излагање во Вашингтон на Универзитетот Калифорнија во организација на Институтот Брукингс на тема: „Авганистан и НАТО – коваат сојузништво за 21-от век“.

XS
SM
MD
LG