Поранешниот гувернер на Арканзас и баптистички свештеник - Мајк Хакаби беше веднаш зад него. Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни гледа во иднината по победата во Невада во саботата.
Републиканците во Флорида ќе гласаат следниот вторник. Таму големи надежи полага поранешниот градоначалник на Њујорк Руди Џулијани.
Флорида дава најголем број делегати за републиканската национална конвенција. Но за разлика од Њу Хемпшир и Ајова, овде нема да може сите да гласаат – само партиски определените. Стратегистот Мајкл Дауд вели:
-Мислам дека Флорида е првиот знак за тоа како ќе заврши трката.
Во Јужна Каролина повеќе од половина од демократските гласачи се црни. Барак Обама се надева на нивните гласови.
Но сенаторот Хилари Клинтон не се откажува од расната карта. Таа се повикува на своето детство кога со нејзината црква одела да го слуша Мартин Лутер Кинг.
Едно е сигурно – ништо не се знае и нема да се знае во наредните неколку недели – велат аналитичарите.