Линкови за пристапност

Клонирана храна – безбедна за јадење


Американската администрација за храна и лекови ги соопшти наоѓањата од својата крајна проценка на ризикот на прес конференција во Вашингтон во вторникот. Претставници на агенцијата велат дека повеќегодишните анализи покажуваат дека месото и млекото од клониран добиток, свињи и кози, како и нивни младенчиња, се безбедни за консумирање.


Сепак, агенцијата вели дека нема доволно информации за да зборува за безбедноста на храната од клонирани овци.


Официјалните лица велат дека агенцијата нема да бара специјално етикетирање на храната од клонирани животни бидејќи производите не претставуваат проблем за безбедноста на храната. Но тие велат дека дека може да дозволат храната од обични животни да биде со етикета – не е од клонови.


Официјалните претставници велат дека сета храна со етикета „органска“ нема да содржи производи од клонирани животни.

Агенцијата дава дефиниција за животински клон како генетска копија на животно-донатор, слично како идентични близнаци но родени во различно време.


XS
SM
MD
LG