Линкови за пристапност

Прв клучен тест во предизборната сезона


Ноќта спроти кокусите беше интензивна. Фразата: „Гласајте за мене“, беше кажана на многу различни начини:

Џон Едвардс ја формулираше како - бранот на плима на промена запоичнува токму тука во Ајова и ја преплавува земјата.


Барак Обама тврдеше дека „ова е решавачки момент во историјата. Нашата држава е во војна, нашата планета е загрозена“.


Хилари Клинтон, пак, повика: Излезете на кокусите и заедно ќе направиме историја.


Најголем дел од анкетите покажуваат тројка на победничката позиција за Демократската партија. Секој од нив со различна тактика. Едвардс остана на кампања цела ноќ – нарекувајќи го тоа „36 часовен маратон за средната класа“.


Клинтон и Обама имаа двоминутна реклама на локалните тв-станици, што двојно повеќе од типична политичка реклама. Последниве две недели жителите на Ајова беа бомбардирани со пораки преку медиумите, вклучувајќи и телефонски повици од кандидатите.


Двајцата главни републикански кандидати се поранешните гувернери Мајк Хакаби и Мит Ромни. Хакаби, меѓу другото и свештеник, ја парафразираше Библијата.


Ромни, мултимилионер, потроши најмалку 17 милиони долари свои пари во кампањата. И сето ова – само за Ајова – само една од 50те американски држави. Но целата нација гледа што таму ќе се случи зашто ефектот е огромен.

XS
SM
MD
LG