Американскиот Претставнички дом едногласно изгласа да се почести бурманскиот про-демократски лидер Аунг Сан Су Ки со највисокот признание - Конгресен златен медал.
Републиканскиот претставник, Дон Манзуло, кој е ко-спонзор на предлог законот кажа дека наградата испраќа силна порака на владеачките генерали на Бурма дека „што е доста, доста е“. Тој кажа дека е време армиските лидери на земјата да ја отворат вратата за „вистинско помирување“.
Демократот Џозеф Кроли, кој исто така го спонзорира документот, кажа дека наградата покажува дека Аунг Сан Су Ки ги освоила срцата не само на бурманскиот народ, туку и на американскиот Конгрес.
Легислативата беше усвоена со 400 гласови „за“ и нула против, и сега оди во Сенатот, што мора да ја одобри мерката.