Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун ги испрати своите први соработници да го истражат вторничкиот бомбашки напад во главниот град на Алжир во кој загина голем број на лица, од кои 11 членови на персоналот на ОН.
Во изјавата издадена во Бали, Индонезија, каде присуствува на Климатската конференција на ОН, Бан остро ги осуди двата бомбашки напада - пред канцеларија на ОН и пред владина зграда во Алжирс - велејќи дека зборовите не можат да го искажат неговото чувство на „шокираност, огорченост и лутина“ поради терористичкиот напад.
Северноафриканското крило на Ал-Каида презеде одговорност за нападите.
Алжирски владини претставници соопштија дека најмалку 26 лица загинале, а 177 се повредени. Алжирскиот весник Ал-Ватан, пак, цитира болнички извори според кои има 72-ца мртви.
Во нападот беа оштетени локалните канцеларии на Програмата за развој и Високиот комесар за бегалци на ОН.