Линкови за пристапност

Проблемот со името е билатерален, смета македонската Влада


Владата на Македнија ја обвини Грција дека ја користи позицијата како членка на ЕУ за да ги промовира своите ставови. Оваа реакција на Владата уследи по објавувањето на заклучоците на Советот на министрите на ЕУ во кои се бара од Македонија да ги зајакне напорите во насока на изнаоаѓање на решение прифатливо за двете страни.

Името не е дел од копенхагенските критериуми, тоа е билатерално прашања, смета македонската Влада во врска со заклучоците на Советот на минситрите на ЕУ.

-Она што е дефинитивно точно е дека името не е дел од копенхагенските критериуми на ЕУ, ако пак, заклучокот го толкуваме буквално, фразата взаемно - прифатливо решение значи билатерална согласност на двете страни, што де-факто значи дека проблемот е билатерален-изјави портпаролот на Владата, Ивица Боцевски.

Според владата очекувано е Грција да го користи статусот на земја членка за да ги промовира своите ставови во врска со проблемот со името.

XS
SM
MD
LG