Линкови за пристапност

СДСМ бара разрешување на Демировски


СДСМ бара од Владата веднаш да го разреши економскиот промотор во Турција Ферки Демировски, кој со назначувањето се здобива и со дипломатски статус. СДСМ бара и политичка одговорност за оној кој според оваа партија ја направил грешката со назначувањето на 24-годишниот Демировски.

На денешната прес-конференција, СДСМ по повод стапувањето во сила на новиот „Етички кодекс“ за владините функционери, побара од Владата разрешување на Демировски, кој, според оваа опозициона партија, измамил странски ивеститор и ги фалсификувал податоците од официјалната биографија.

Според членот на Извршниот одбор на СДСМ Александар Чеботарев:

-Човекот кој веќе измами странски инвеститор, човекот кој нема високо образование, што е услов на конкурсот, човекот кој излажа дека има универзитетска диплома, од Владата добива функција на економски промотор на Макеоднија во Турција, и добива дипломатски статус. СДСМ бара од Владата веднаш да го разреши Ферки Демировски заради лажење на странски инвеститор и очигледно фалсификување на својата биографија, а некој во Владата конечно мора да поднесе и политичка одговорност за оваа голема грешка. Дополнително, со вакви кадровски решенија на Груевски и “фамилијата”, воопшто не треба да не изненади што нивото на странски инвестиции во Македонија е толку ниско”.

Минатиот месец СДСМ побара од Јавното обвинителство да ја процесуира кривичната пријава, поднесена од британски инвеститор заинтересиран за изградба на фабрика биогорива во гевгелиско, против 24-годишниот Демировски и неговиот надреден министерот за странски инвестиции Глигор Ташковиќ. Кабинетот на министерот Ташковиќ со соопштение го демантираше обвинувањето на СДСМ дека постои корупциски скандал.

XS
SM
MD
LG