Линкови за пристапност

Венецуелците ги одбија уставните реформи на Чавез


Изборната комисија соопшти дека 51 отсто граѓани се изјасниле против уставните промени.

Резултатот од рефендумот претставува прв изборен пораз за Чавез во деветте години на функцијата претседател. Во обраќањето по поразот, тој коментираше - „сега за сега“, и најави дека ќе продолжи да се бори за изградба на социјализам.

Поранешниот министер за одбрана Раул Баднер, истакнат критичар на предложените уставни промени, изјави дека Венецуелците на референдумот се изјасниле против нив врз основа на своите индивидуални желби.

Чавез пред гласањето велеше дека е подгoтвен да остане на власт до 2050-та, кога би бил на 95-годишна возраст. Сега, согласно постојниот устав, не ќе може да се кандидира за реизбор кога ќе му заврши мандатот во 2013-та. Промените предвидуваа и зголемени ингеренции за Чавез доколку објави вонредна состојба, намалување на работното време од 8 на 6 часа, како и пошироки социјални бенефиции.

Чавез последниве неколку дена изнесе серија наводи против САД: дека Вашингтон планирал да го попречи вчерашниот референдум, да ја сруши неговата влада и да употреби агенти на ЦИА во Колумбија да извршат атентат врз него. Во саботата се закани и дека доколку САД и` наштетат на Венецуела - ќе треба да бараат нови нафтени извори, бидејќи земјата ќе запре со доставата. Венецуела е четвртиот најголем доставувач на нафта во САД, каде испраќа преку 60 проценти од своето производство.

Еден од водечките американски сенатори – демократот Карл Левин ги отфрли наводите на венецуелскиот претседател:

- Не се обидуваме да го дестабилизираме. Неговата политика во правец на диктаторство, да го промени уставот за да остане на функцијата додека е жив – тоа ја дестабилизира Венецуела, а не нашата политика, изјави Левин За Си-Ен-Ен.

XS
SM
MD
LG