Линкови за пристапност

Олмерт:  Евентуалниот неуспех на новите блискоисточни преговори опасен за Израел


Ехуд Олмерт за израелскиот весник Харец изјави дека доколку ваквото решение не биде постигнато, Израел ќе се најде пред предизвик за подеднакви гласачки права за сите, меѓу нив и за Палестинците. Олмерт вели дека кога тоа ќе се случи, „завршено е со државата на Израел“. Израел е загрижен дека Палестинците на крај би можеле да станат побројни од Евреите доколку Израел продолжи да ја контролира целата територија заземена во Блискоисточната војна од 1967-ма година.

Интервјуто е објавено денес, еден ден откако Олмерт се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абаз и американскиот претседател Џорџ Буш во Вашингтон, на почетокот на првите официјални мировни разговори во последните седум години.

Буш најави дека САД ќе бидат активно вклучени во мировниот процес меѓу израелските и палестински лидери, кои во вторникот на Блискоисточната конференција во Анаполис, сојузната држава Мериленд, се обврзаа дека ќе се обидат постигнат дво-државно решение до крајот на 2008-ма.

XS
SM
MD
LG