Линкови за пристапност

Претседателот Буш по традиција помилува две мисирки за Денот на благодарноста


Овој четврток во САД е Денот на благодарноста, со печена мисирка како традиционално јадење на трпезата, но последниве 60 години во САД две вакви животни го избегнуваат месарскиот нож за празникот благодарение на помилување што го добиваат од претседателот. Годинава таа среќа ја имаа мисирките Меј и Флауер кои на церемонијата во Белата куќа допатуваа дури од Средниот Запад, од сојузната држава Индијана:

- Им посакувам да го минат остатокот од животот благословено, а на Американците им посакувам убав празник полн со љубов и мир- рече претседателот Џорџ Буш помилувајќи ги мисирките.


По помилувањето, мисирките со авион - и тоа со прва класа - отпатуваа за Дизниленд во Флорида, на нивното ново место на живеење – зоолошката градина.

Претседателот Буш по повод празникот кажа дека е благодарен за добрата жетва, добрата економија и храброста на американските војници:

- Гордо ја носат униформата на нашата земја. Ги понудија своите животи за наша одбрана. Секоја година, нови илјадници доброволно пристапуваат во гордите армиски редови за да ја чуваат нашата безбедност. На овој Ден на благодарноста, нивните семјства и најблиски се во нашите молитви и мисли. Ви благодарам.

XS
SM
MD
LG