Линкови за пристапност

Постигнат договор за размонтирање на Јонгбјон


Северна Кореја го затвори реакторот во Јонгбјон во јули во замена за првата пратка на помош во енергија. Но официјални лица во Стејт Департмент велат дека определбата да се размонтира опремата е најголем напредок досега во нуклеарната дипломатија со Пјонгјанг.

Во телефонски разговор од Њујорк со новинарите шефот на американската преговарачка делегација на шестпартитните разговори кажа дека американскитестручњаци силно ќе бидат инволвирани во процесот на разградување на заради што извиднички тим ќе биде испратен таму следната недела.

Помошник секретарот за источно азиски и пацифички прашања Кристофер Хил вели дека додека различни нуклеарни објекти се покриени со договорот, американскиот фокус е е на реакторот Јонгбјон, каде се верува дека Северна Кореја произвела 50 килограми плутониум со чистота за употреба во оружје, за последните неколку години:


"Тоа е местото каде ваков вид плутониум се произведува. И мора тоа да го држиме на око. Ако проблемот тежок 50 километри го решиме, тој нема да стане 100 килограми тежок плутониумски проблем. Затоа се фокусираме на Јонгбјон. Сметаме дека на тој начин ќе помогнеме Америка да биде побезбедна."


Како дополнение на оневозможувањето на нуклеарните објекти до крајот на годината, вчерашниот договор исто така ја обврзува Северна Кореја да обезбеди комплетна и точна декларација на своите нуклеарни програми.


Помошник државниот секретар Хил вели дека иако не е посебно нагласено во договорот Северна Кореја ќе треба да поднесе сметка за напорите за збогатување на ураниум за што американски претставници веруваат дека тајно почнало пред неколку години, и кое довело до колапсот на договорот за нуклеарно замрзнување со Пјонгјанг што го склучи аднминистрацијата на Клинтон во 1994.


Северна Кореја за возврат добива еден милион тони тешко гориво или еквивалент на друга помош како и различни дипломатски бенефиции вклучително и чекори кон нормализирање на односите со САД и со Јапонија.


Вчерашното соопштение од Пекинг вели дека САД ќе го исполнат ветеното кон Северна Кореја за акција во насока на бришење на државата од својата листа држави-спонзори на тероризам, што е ознака која Пјонгјанг го направи цел на силни економски санкции.


Помошник државниот секретар Хил не даде рок за симнување на Северна Кореја од листата , но кажа дека администрацијата на Буш ќе започне консултации по прашањето следната недела:


"Ова е важно, бидејќи во наш интерес е да ги симнеме државите од оваа листа, зашто дефинирањето на земјите дека се на таа листа значи закана. Така, кога ќе бидат симнати, тоа значи дека заканата е намалена. Значи сметаме дека е во наш интерес тоа да го направиме."


Американските претставници не веруваат дека Северна Кореја била инволвирана во акти на меѓународен тероризам од 1980тите.

Хил кажа дека американската акција по ова прашање ќе биде во консултација со Јапонија, која пак, сеуште бара полно објаснување од Северна Кореја за признаеното киднапирање на неколкумина јапонски државјани во 1970тите, и 80тите.





XS
SM
MD
LG