Линкови за пристапност

Новинарите го напуштија пресот на Груевски


Премиерот Никола Груевски и неговиот Кабинет денеска немаа кому да му се пофалат дека Македонија е меѓу четирите најреформски држави во светот. Новинарите и телевизиските сниматели во знак на протест за вчерашното претепување на нивниот коега од Алсат телевизијата кај наплатната рампа кај Желино и нападот врз новинарот ан А1 во Собранието, ја напуштија прес конференцијата, во моментот кога претставниците на Владата влегуваа во салата.

Владата го разбира овој гест,и се солидаризира со нивниот протест изјави премиерот Груевски.

-Почитувани претставници на медиумите, го разбирам вашиот денешен гест и чувствата коишто ги споделуваме. Сакам да ве информирам дека ние уште утрово ги преземавме сите можни мерки што една држава може да ги преземе во една ваква ситуација кога е нападнат новинар. Имено, веќе МВР има суспендирано уште утринава петмина полицајци од кои еден командир на тие полицајци. За еден од нив веќе е покрената кривична пријава, а за другите се утрврдува степенот на одговорност. Исто така покрената е пријава против лицето кое завчера удри новинар во Собранието, така што во тој поглед сме на иста страна. Меѓутоа, ние бевме тие што денеска требаше да бидеме жртвата на целата оваа ситуација. Како и да е, ве разбирам и тука сме на иста страна.

И министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска потврди дека има суспендирани меѓу припадниците на специјалната единица Алфи. Таа тврди дека двата случаи на напади врз новинари во изминатите два дена се расчистени.

-Утврдено е дека лицата кои учествувале во настанот непотребно употребиле сла која била несоодветна и согласно тоа ние веќе ја започнавме постапката. Тоа значи дека врз основа на постапката за утврдување на одговорност, сите соодветни механизми ќе бидат искористени, од поднесување пријави до интерна одговорност, суспендирањето веќе е преземено, тие се отстранети од нивните работни места, затоа што ваквото однесување во никој случај не сакаме да дозволи да фрли сенка на одличната соработка која МВР ја градеше со вас медиумите.

Против Рамадан Имери кој го претепал снимателот на Алсат е поднесена кривична пријава поради малтретирање при вршење служба и е суспендиран, заедно со уште тројца полицајци, иако сите тие според МВР негираат дека тоа го сториле. Новинарот на А1 пак, утврдило Министерството бил нападнат од Бекир Асани од селото Танушевци, против кого е поднесена прекршочна пријава. Бидејќи е недостапен, против него е распишана телеграма за интерна потрага.

XS
SM
MD
LG