Линкови за пристапност

Пентагон нема евиденција за 190.000 парчиња оружје за Ирак, тврди конгресен извештај


Според извештај на конгресната Канцеларија за владина одговорност, Одделот за одбрана нема евиденција за десетици илјади пушки, пиштоли и друга воена опрема наменета за Ирак.

Извештајот не наведува дали оружјето исчезнало, завршило во раце на бунтовниците или се продава на пазарот, туку во него стои дека во брзањето да ги снабди ирачките сили во екот на војната, американската команда во Ирак не водела доволно евиденција за пиштолите, пушките, заштитните елеци и шлемови, наменети за армијата и полицијата.

Портпаролот на Пентагон, Брајан Витман побара да не се избрзува со заклучоци:

- Не треба да се заклучува дека со оглед на тоа што не можеме да пружиме точна документација, тие не се користат за првичната цел – лкако средство на ирачките сили за безбедност.

Витман вели дека нема информации дека американско оружје или опрема било пронајдено кај бунтовниците или во некое од илјадниците нивни скриени складишта што коалиционите и ирачките сили ги пронајдоа ширум земјата. Па сепак, Витман признава, како што тоа го прави и Пентагон, во писмо поместено на крајот на извештајот на Канцеларијата за владина одговоност, дека треба да се подобри контролата на армискиот инвентар во Ирак:

- Мора постојано да го подобруваме и рафинираме нашиот систем за да обезбедиме ирачките сили самите да имаат систем на одговорност што е ефикасен и што нуди заштита на опремата дадена на нивните армиски и полициски сили.

Во конгресниот извештај стои дека Пентагон нема евиденција за 110.000 автомати од типот АК-47, 80.000 пиштоли, 135.000 заштитни елеци и 115.000 шлемови. Тоа, според извештајот, е 30 проценти од опремата дадена на Ирак. Најголем дел од загубената евиденција е во периодот меѓу 2004-та и 2005-та, кога генералот Дејвид Петреус, кој сега е главниот американски командант во Ирак, бил задолжен за обука и опремување на новите ирачки сили.

XS
SM
MD
LG