Во обраќањето претседателот Буш ги повика Палестинсците да го отфрлат Хамас.
-Со своите акции, Хамас покажа дека е за екстремизам и убиства, а не за доброто на палестинскиот народ."
Израел и САД сакаат да му помогнат на претседателот Махмуд Абас и неговата влада. Меѓународната конференција ќе ги вклучи и арапските соседи кои поддржуваат создавање на палестинска држава.
САД доделија повеќе од 190-милиони долари директна помош за Палестинците – вклучувајќи средства за хуманитарна помош во Газа. Претседателот сега најави нови 80 милиони долари за реформа на палестинските безбедносни служби.
Претседателот Буш кажа дека палестинскиот конфликт меѓу екстремистите и умерените е иста борба како онаа во Либан, во Авганистан и во Ирак.
Подоцна неделава ќе има дипломатска средба на претставници на таканаречениот Квартет. Пратеникот Тони Блер ќе се сретне со дипломати од САД, Русија, ОН и ЕУ.