Линкови за пристапност

ЦИА објави некогаш тајни документи


Документите се објавени на веб-страницата на ЦИА, како реакција на барањето по Актот за слобода на информирањето од 1992.

Директорот на ЦИА Мајкл Хајден документите ги нарече – поглед на многу различно време и многу различна агенција.

Покрај заговорот против Кастро, документите опишуваат и домашно шпионирање, отворање на приватна пошта и истрага на новинари. Агентите го следеле поранешниот новинар на Вашингтон Пост, Мајкл Гетлер, три месеци во 1971.


"Тие следеле со кого разговарам. Ги фотографирале луѓето со кои сум ручал. Тие сликале преку прозорецот од нашиот дом", вели Гетлер.

Документите биле компилирани во 1973 од тогашниот директор на ЦИА Џејмс Шлезингер, кога собирал податоци за тоа дали ЦИА можеби ги пречекорила овластувањата.


Многу детали станале познати во сведочења пред две конгресни комисии и една претседателска комисија што истражувала наводни злоупотреби на ЦИА.


Гери Томас е известувач за национална безбедност во Гласот на Америка. Тој вели: „Голем дел од ова дошло до Белата Куќа, од федералните агенти, кои сакале нешто да биде завршено. Американскиот генерален правобранител Боби Кенеди сакал Фидел Кастро да биде убиен. "

Томас вели дека иако официјалното објавување не донесува големи откритија, тоа може да отвори дебата за фрустрациите со разузнавачката заедница.

"Истрагите од тоа време доведоа до поставување бариери меѓу ЦИА и другите агенции по прашањата за спроведување на домашните закони и соработката во разузнавањето. Разузнавачката заедница се плашеше да не биде фатена во вршење домашен надзор. Сега тоа се врати преку отворање на расправата во смисла дека – да не било тогаш спречено домашното шпионирање можеби ќе можеле да се спречат нападите врз САД од 11 септември. "

Откритијата за тајните операции на ЦИА од 1970те директно резултираа во создавање на две конгресни комисии чија надлежност е да вршат надзор над американските разузнавачки прашања.

XS
SM
MD
LG