Линкови за пристапност

Операции против милитанти во Ирак


Во судирите во југоисточен Ирак во близина на градот Амара наводно биле вклучени припадниците на армијата Махди, лојална до радикалниот шиитски верски водач Моктада ал Садр.

Во соопштение од американската армија се вели дека коалициони трупи биле во битка со осомничени терористи за време на операција против мрежа која внесува оружја од Иран во Ирак.

Соопштението исто така вели дека терористичката мрежа исто така е позната по тоа што обучува милитанти од Ирак во Иран.

Во Насарија, најмалку четворица загинаа, а повеќе од 50-тина се повредени во судирите меѓу ирачката полиција и борците од армијата на Фахди.

Во Багдад, ирачката полиција соопшти дека во две експлозии на автомобил бомба најмалку седум лица биде убиени додека чекале во редица за бензин, додека во Фалуџа загинале тројца во сличен напад.

XS
SM
MD
LG