Линкови за пристапност

Компјутерска обука за наставниците во основните училишта


Над 6.500 наставници од 322 македонски основни училишта го завршија иновативниот курс за информатичка технологија. Програмата опфаќа некои од најновите наставни методи што се користат во САД и во Европа.

Користењето на комјутерите во наставата во основното образование беше целта на програмата насловена како „Иновативно користење на информатички технологии“,спонзорирана од Американската агенција за Меѓународен развој УСАИД, дел од Мисијата на САД во Македонија.

„Наставниците се оние кои помагаат нивните ученици да станат конкурентни во модерниот свет“, смета американската амбасадорка во Македониja Џилијен Миловановиќ. „Тие играат клучна улога во во спроведувањето на позитивни промени и во подготвувањето на денешните ученици да станат идни лидери“, вели таа.

За 18-те месеци, колку што траеше обуката, наставниците научиле да користат методи, според кои на учениците им се задаваат проекти што вкулучуваат употреба на Мајкрософт Ворд, Ексел, Пеинт, Пауер Поинт, Паблишер и Фронт Пејџ, како и Интернет и блогови.

Наставниците научиле и да користат компјутери во подготовката на наставните планови, за иновативни лекции и во комуникацијата со другите колеги и образовни институции преку образовниот веб портал www. schools.edu.mk.

Во меѓувреме и македонската Влада започна со обука на граѓаните за користење на компјутерите како основен метод на комуникација во современто општество. Над 22.000 граѓани се пријавиле да ја поминат овогодишната обука која опфаќа користење на оперативниот систем Виндоус, Ворд, Интернет и Ексел.

Во првата фаза, што започна денеска ќе бидат обучени 3.000 граѓани од Скопје и 4.000 од други градови.

Поради големиот број пријавени можно е ваква обука за информатичко едуцирање да се спроведе и следната година.

XS
SM
MD
LG