Линкови за пристапност

Демократијата во Источна Европа во опаѓање, Македонија „полу-консолидирана демократија“


Порастот на популизмот наштетува на демократијата во некои од поновите членки на Европската унија, тврди Фридом Хаус во извештајот. Полска, Унгарија и Словачка се издвојуваат како земји во кои опаднале демократските стандарди, поради поларизација на власта и големи политички поделби.

Македонија меѓу вкупно 29-те земји - нации во транзиција - го дели 13-тото со Албанија. На прво место е Словенија, а на дното Туркменистан.

Македонија е во подгрупата земји рангирани како полу-консолидирани демократии, со непроменет рејтинг од минатата година - 3,82, според скала на која 1 означува најголемо, а 7 најмало ниво на демократски развој. Во подгрупата пред Македонија се Романија, Србија и Хрватска, а зад неа - Црна Гора.

„Македонија продолжи да се фокусира на донесување законска рамка за широки владини реформи, како што е зацртано со Охридскиот договор и процесот на пристапување на ЕУ, при што допрва треба да се испита поголем дел од применетото. И покрај подобрувањата во изборниот систем, одзивот на гласачите во 2006-та драстично опадна. Според проценките, на граѓанскиот сектор му недостасува капацитет и постојан прилив на средства. Реформата беше насочена и на судството што долги години пати од одолговлекување на судската постапка. Во 2006-та, Европскиот суд за човекови права забележа четири прекршоци од ваков вид“, се вели во резимето на извештајот за Македонија.

XS
SM
MD
LG