Линкови за пристапност

Заем од Светската банка за македонското земјоделство


Македонскиот агропреработувачки сектор е ограничен поради застарената опрема, слабиот маркетинг и инвестиции, исто така има ограничен приспат до кредити и не ги достигнува стандардите за сигурност на храната.

Ова се клучните забелешки на Светската банка, која одлучи да додели 15 милиони евра заем за трансформација на македонското земјоделство во модерен и конкурентен извозен потенцијал.

-Проектот ќе и помогне на РМ подобро да го искористи земјоделскиот потенцијал и да го придвижи поблиску до ЕУ-вели водачот на тимот на Светската банка за проектот Џулијен Лампиети.

Проектот опфаќа 4 компоненти- зајакнување на административниот и управувачки капацитет на Министерство за земјоделство, во согласност со барањата на ЕУ, да помогне во формирањето на платежната агенција која ќе биде акредитирана за претпристапните ИПАРД фондови, и на потенцијалните корисници да им се олесни пристапот до овие грантови. Проектот ќе биде насочен и кон создавање ефикасен ветеринарен капацитет во контекст на квалитетот на храната , што е во согласност со барањата од ЕУ. Треба да се комплетира и реформата во секторот за наводнување, започната уште во 2003 година.

Заемот е со 5 години грејс период и рок на отплата од 17 години и со Проектот треба да се подобри доделувањето на државната помош за земјоделскиот сектор, во согласност со претпристапните барања за влез во ЕУ.
XS
SM
MD
LG