Линкови за пристапност

Македонија – една од НАТО-аспирантите што предничат


Стивен Маер, експерт од Националниот универзитет за одбрана во Вашингтон во разговор за Гласот на Америка на македонски, говори за шансите на Македонија да добие покана за членство во НАТО во 2008 и оценува дека земјата е на добар пат. Со Маер разговараше Јане Бојаџиевски.

Во последната верзија на резолуцијата на Претставничкиот дом за поддршка на земји кои очекуваат покана за членствои во НАТО во 2008-ма, покрај Македонија, другите земји од Јадранската група и Грузија, беше додадена и Украина, Дали тоа значи дека новододадената земја прави напредок кон НАТО, а другите стагнираат? Стивен Маер за Гласот на Америка на македонски вели:

Треба да го гледате во контекст на потегот на Претставничкиот дом. Тоа не е закон туку начин на кој Конгресот ги изразува погледите, желбите што сакаат да се случи, и не значи дека некоја земја напредува или заостанува. Одлуката дали овие земји ќе станат членки на НАТО ќе биде донесена на друго место. Таа ќе биде донесена во консултации меѓу САД и другите земји - членки на НАТО.

Кои се вистинските пречки за Македонија на патот кон Алијансата?

Не верувам дека има големи препреки. Тоа повеќе зависи од НАТО, а не од Македонија. Мислам дека во НАТО има добро расположение во однос на Македонија. Прашањето е дали НАТО може да апсорбира нови членки. Македонија е една од аспирантите што предничат.

Во јавноста беа пласирани информации дека следните месеци се круцијални за добивање покана за членство во 2008-ма. Македонија е на добар пат, смета Маер:

„Мислам дека Македонија од сите земји во поранешна Југосславија направи голем напредок. Охридскиот договор во основа е успех, иако тоа не значи дека во земјата се уш те нема проблеми, етнички проблеми, а прашањето со децентрализацијата е особено важно.

Прашан дали смета дека Македонија може да влезе во НАТО без претходно да го реши спорот со Грција околу името, ако се знае дека одлуките во Алијансата се носат едногласно и секоја членка има право да блокира конкретен чекор, американскиот експерт за Балканот со став:

- Мислам дека е возможно, тоа е едно од отворени прашања кои мора да се затворат во консултации во НАТО околу грчкиот спор со Македонија. Мора да се разговара и да се пронајде решение пред добивањето покана за членство. Не би сакале да се најдете во наредната рунда на проширување на Алијансата, а некој како Грција во тој момент да каже не - нема да се случи, вели Маер.

XS
SM
MD
LG