Линкови за пристапност

Мнозинството Демократи во Конгресот сигнализираат противење на зголемувањето трупи во Ирак


Отпорот добива форма на легислатива што ја предлагаат двата дома на Конгресот и јавни изјави од поеадини законодавци кои се спротивставуваат на она што сметаат дека е рамно на ескалација на војната во Ирак. Меѓу најсилните коментари насочени кон претседателот, сенаторот Тед Кенеди во вторникот зборуваше во Вашингтон при што кажа дека ситуацијата со која претседателот Буш се соочува во Ирак е слична на онаа со војната во Виетнам.

Демократот од Масачусетс што беше меѓу сенаторите кои гласаа против мерката во 2002 за давање авторизација од Конгресот за американската воена акција во Ирак, презема легислативни чекори за кои вели дека ќе обезбедат Конгресот да заземе цврст став: "Дека не треба да се испратат нови дополнителни трупи ниту да се потрошат дополнителни доларски суми, за ескалација доколку и се додека Конгресот не ги одобри плановите на претседателот." Верзијата на предлог-законот на сенаторот Кенеди беше претставена од конгресменот на Масачусетс Ед Марки, кој исто така е критичар на политиката на администрацијата на претседателот Буш за Ирак. Републиканските сенатски лидери велат дека се спротивставуваат на како што велат, обидите на членови на Конгресот да ја диктираат работата во Ирак..

Мич МекКонел е лидер на сенатското малцинство. "Мислам дека не е во ред Конгресот да се обидува да управува и да влијае на тактиката во воен конфликт. Не мислам дека Конгресот има таков авторитет и не мислам дека би бил добар во тоа. Не можете да водите војна со комисија од 435 членови во

Претставничкиот дом и сто во Сенатот." Во секој случај другите сигнализираат дека имаат намера да изработат легислатива што ќе бара зајакнување на уставните права на Конгресот кога се работи за одлуки во однос на водење на војната и за лимитирање на досегот на акција на претседателот. Непосредно пред обраќањето на претседателот конгресменот од Орегон, демократот Ерл Блуменор, во претставничкиот дом од говорницата сугерираше дека резолуцијата за авторизирање за Ирак од 2002 веќе не важи, велејќи дека сега Демократите треба тоа да го искористат. "По она што сега го знаеме, авторизацијата на сила сега има малку врска со реалноста. Наместо тоа, конгресните комисии треба да ги искористат распитите кои следат за исработка на нова легислатива што ќе значи повлекување на трупите како и како водич за нашето учество во Ирак додека не се изведе целосното повлекување."

Спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси во повеќе наврати го одби барањето за намалување на средствата што ќе ги доведат во тешка ситуација трупите што се во Ирак, а законодавците воопшто интензивно работат на изнаоѓање нови идеи за излез од ситуацијата. Демократскиот сенатор Барак Обама порано неделава кажа: "Мојата канцеларија сега ги истражува средствата што ни се достапни за да ги ограничиме финансискитетрошоци или истите да ги условиме." Обама вели дека методите вклучуваат силен надзор на барањата кои доаѓаат од Белата Куќа за трошоци. Но тој додаде дека демократската порака до претседателот во врска со Ирак не смее да биде намалување на ресурсите за американските трупи кои се во, како што кажа тој, многу важна мисија.

Демократите и Републиканците се согласуваат по едно нешто – дека владата на ирачкиот премиер Нури Ал Малики ќе биде под зголемен притисок откако претседателот официјално ќе објави дека сака да испрати повеќе трупи за обезбедување и дека ќе мора да преземе неопходни политички чекори за намалување на секташкото насилство.

XS
SM
MD
LG