Линкови за пристапност

Нови жртви во Багдад


Ирачките власти соопштија дека во најновите напади ширум земјата загинале преку 50 лица, од кои 30 во вчерашната екпслозија на бомба во областа Садар во ирачкиот главен град. Во експлозијата настрадала група наемни работници - муслимани-шиити. Садар е упориште на шиитските паравоени групи и во минатото беше цел на напади од страна на екстремистите од редовите на муслиманите - сунити.

Американскиот советник за национална безбедност Стивен Хедли ненајавено го посети Багдад, на разговори за армиската и политичката соработка. Главниот советник за безбедност на претседателот Буш се сретна со ирачкиот премиер и останати виши ирачки претставници. Посета доаѓа во време кога расте бројот на американски жртви во Ирак - само во октомври загинаа 100-тина, што е најголема месечна бројка од јануари 2005-та.

Во американски влади извештај за обновата во Ирак, пак, стои дека американската армија загубила трага на илјадници парчиња оруже купени за ирачките сили за безбедност.

Во извештајот на Специјалниот генерален инспектор се вели дека Американскиот оддел за одбрана не може да каже каде се наоѓаат 14.000 парчиња оружје, меѓу што и полуавтоматски пиштоли, пушки, пушкомитралези и минофрлачи. Извештајот посочува дека коалиционите сили во Ирак не го почитувале барањето за бележење на сериските броеви на сите оружја, што отежнува да им се влезе во трага.

Во извештајот се додава дека од крајот на 2003-та – наваму, Пентагон нарачал 370.000 парчиња лесно оружје за ирачките сили. Оружјето ја чини американската армија 133 милиони долари.

XS
SM
MD
LG