Линкови за пристапност

Резервисти за поддршка на единиците во Ирак и во Авганистан


САД повикаа неколку илјади маринци – резервисти за да ги зајакнат американските единици во Ирак и Авганистан.

Армиски портпарол соопшти дека се работи за маринци кои се вратиле на цивилниот живот по служба во армијата. Тие треба да ги пополнат клучниот недостаток на кадри во воената полиција, разузнавањето и комуникациите.

Одлуката за повикување на резервистите, што е задолжителна, ја потпиша лично претседателот Буш.

Во родот на маринци има 35 илјади резервисти кои се уште треба да дослужат извесно време од осумгодишниот договор што го потпишале при стапувањето во овие сили.

Указот на претседателот Буш одредува дека бројот на повикани во една наредба не смее да ја мине границата од 2.500-тини војници.

Американските армиски лица во Ирак соопштија дека насилството во Багдад бележи трeнд на опаѓање.

Меѓутоа, денес бунтовниците извршија нови напади. Во бомбашкиот напад во Мослул загинаа една жена а беа ранети осуммина полицајци.

XS
SM
MD
LG