Линкови за пристапност

Четврти јули – најпатриотски празник во Америка


Денот на независноста, 4 јули се прославува од 1776-та, кога основачите на нацијата ја потпишале Декларацијата за независност од Британија.

Денес за многумина овој празник значи време за пријателите и семејството, за излети и паради.

Во Вашингтон се одржува централната парада и традиционалниот концерт пред заградата на Конгресот. Но, за многумина, врвот на прославата доаѓа кога ќе падне ноќта. Тогаш е огнометот, што практично значи и крај на прославата. Огнометот е неодвоив дел на 4-ти Јули од 1777-ма, кога граѓаните на Пенсилванија на овој начин и со истрели од огнено оружје ја прославиле независноста. Петардите се мошне продаван производ и денес, и речиси секоја населба во САД за празникот има свој огномет.

4-ти Јули е време и за размислувања за тоа во кој правец оди земјата. Некои анкетирани граѓани велат дека се разочарани. Други, пак, се благодарни за слободата што започна со Декларацијата на независност.

Како и да е, и овој 4ти јули потврдува дека тоа е најамериканскиот од сите празници – Денот на независноста.

XS
SM
MD
LG