Пратениците да не дозволат декриминализација на корупцијата во Македонија. Ова е апелот до Државната антикорупциска комисија, по најавите дека Парламентот може да ги изгласа предложените промени на Кривичниот законик со што злоупотребата на службената положба се декриминализира.
Пратениците да не дозволат декриминализација на корупцијата во Македонија. Ова е апелот од Државната антикорупциска комисија, по најавите дека Парламентот може да ги изгласа предложените промени на Кривичниот законик со што злоупотребата на службената положба се декриминализира.
Според Слаѓана Тасева, член на комисијата, тоа ќе се овозможи ослободувањето од одговорност на поранешните, сегашните и идните функционери против кои се водат постапки за злоупотреба на службената положба.
Со предложената одредба всушност се декриминализира корупцијата во РМ и тоа е спротивно на предложеното во сите меѓународни конвенции каде постојат дефиниции за корупцијата и е спротивно на законот за спречување на корупцијата којшто ја има преземено дефиницијата од меѓународните конвенции. Со ваквата измена што се предлага, се создаваат услови за неприкосновеност во извршувањето на службените должности.
Ова е сериозен упад во системот на кодифицираното кривично-правно законодавство во Македонија, додава г-ѓа Тасева, укажувајќи оти тоа се коси со сите заложби на државата во меѓународни рамки за борба против корупцијата.
И нашиот апел, доколку можеме и тоа да го кажеме е до пратениците, до Собранието на РМ, да не се впуштаат во ваков вид на измена на Кривичниот законик, затоа што тоа е спротивно и на сите процеси на европска интеграција и особено на нашите декларативно искажани заложби за ефикасност во борбата против корупцијата. Значи ова не враќа многу чекори назад.
Измените на Кривичниот законик веќе беа изгласани во Парламентот, но претседателот Бранко Црвенковски одби да го стави својот потпис за тие да стапат на сила. Токму овој амандман за претседателот беше најспорен. СДСМ и ВМРО-Народна партија која што и го предложи спорниот амандман најавија дека повторно ќе гласаат за законот, додека ВМРО -ДПМНЕ обвини дека тој се носи за да се заштитат претходните функционери на ВМРО-Народна и сегашните на СДСМ од судска одговорност за сторените злоупотреби.
Доколку за предложените измени повторно застане парламентарното мнозинство, тогаш претседателот Црвенковски ќе нема друг избор и ќе мора да ги потпише.