Стручњаците предупредуваат на потенцијални негативни ефекти од санкции на ОН спрема Иран во врска со нивната нуклеарна програма. Во Конгресот се одржа распит на кој американскиот амбасадор во ОН Џон Болтон кажа дека гласањето за резулуција за Иран во Советот за безбедност ќе биде клучен тест за Русија и Кина и нивната волја да соработуваат во напорите да се оневозможат иранските нуклеарни амбиции.
Амбасадорот Болтон вели дека САД би сакале да видат едногласна одлука од Советот за безбедност за Иран.
Иако на тоа се гледа како тешко веројатно, и покрај напорите на САД да ги убедат Москва и Пекинг, тој вели дека руската и кинеската апстиненција нема да го запре прогресот на резолуцијата за воведување санкции: „Не е невозможно да пристапиме кон тоа без нив“, вели тој, „и ако апстинираат, тогаш резолицијата ќе влезе во сила, како што ќе влезат во сила и последователни резолуции за санкции ако дојдеме до тоа."
Амбасадорот Болтон беше соочен со тешки прашања од законодавците во Претставничкиот дом на распитот за тоа што би донеле санкции на ОН.
Демократскиот конгресмен Крис Ван Холен е загрижен дека американските напори за собирање поддршка по ова прашање може да донесе сомнеж кај светските престолнини дека Вашингтон сака да ја искористи резолуцијата за оправдување на идни воени напади.
Стручњаците кои се појавија на распитот предупредија да се избегне преземање акција на брзина.
Карн Рос, поранешен британски дипломат, поттикнува на дијалог и трпение со Техеран, велејќи дека санкции може да не успеат без поширока политичка поддршка.
"Преземање акција со ова забрзано темпо како што прават САД, туркајќи ги работите преку Советот за безбедност на ваков упорен и агресивен начин не е добар пат да се добие политичка поддршка", вели овој дипломат.
Републиканскиот конгресмен Кристофер Шејс не е оптимист дека Кина и Русија ќе поддржат санкции.
Распитот се случи во време кога американскиот потсекртар за политички прашања, Николас Брнс на новинарите им кажа дека Советот за безбедност се подготвува за испраќање на цврста меѓународна порака за Иран за нивната нуклерна програма.
Тоа се совпадна и со последната закана од Иран за можна одмазда кон Израел во случај на каков било напад на Иран.