Стручњаците за птичји грип се собрани на конференција во Пекинг, образложувајќи ја ситуацијата и надевајќи се дека ќе соберат една ипол милијарда долари што Светската Банка и Светската здравствена организација велат дека се неопходни за борба против смртоносната болест.
Претставник на Светката здравствена организација, Маргарет Чан, на средбата денеска кажа дека постои голем ризик од епидемија, иако тајмингот и големината не се јасни. Чан кажа дека парите потрошени за птичји грип ќе бидат ништо во однос на светската економска загуба во случај на пандемија.
На конференцијата, ЕУ кажа дека ќе ја зголеми ветената сума пари за оваа намена, на 120 милиони долари.
Птичјиот грип уби најмалку 79 лица. Турција денеска потврди дека има нов смртен случај.
Смртоносната форма на вирусот се шири кон запад и е најден кај птици во Европа, Хрватска, Романија и Русија.