Линкови за пристапност

САД ја поздравуваат одлуката на европскиот Совет на министри – Македонија да го добие кандидатскиот статус за членство во ЕУ.


Шон Меркормак, портпарол на Стејт департментот во врска со одлуката Македонија да добие статус-кандидат, но без одредување датум за почеток на преговори, за Гласот на Америка на македонски оцени: - Им честитаме на владата и граѓаните на Македонија за извонредниот прогрес кој го направи земјата во изминативе четири години. Иако останува уште многу работа да се заврши, добивањето кандидатура е важна пресвртница на македонскиот пат кон членство во ЕУ. Ја повикуваме владата да ги удвои напорите за имплементирање на правните, економските, изборни и други реформи, неопходни за целосна интеграција на земјата во евро-атланските институции. Меккормак истакна дека одлуката на ЕУ испраќа позитивна порака не само за Македонија, туку и за другите земји на Балканот дека нивната иднина е во Европа – обединета, слободна и во мир. Портпаролот на Стејт департментот рече дека проширувањето на ЕУ што се случуваше изминативе години е одлука на европските власти. САД го поддржуваат тој процес. Сметаме дека тоа е важно за идниот просперитет на европскиот континент, но и од глобален аспект, вклучување на оние земји кои досега не беа дел од Унијата. Сметаме дека силна, проширена ЕУ е добра за Европа и светот, заклучи Меккормак.

XS
SM
MD
LG