Претседателот вели дека нема време за губење во подготовките за можна глобална појава на птичјиот грип.
„Од витално значење е сега во нашата земја да се дискутира и да се посвети внимание на заканата од пандемија на грип. Во светот и во САД во моментов нема пандемија на грип. Но доколку чекаме пандемијата да се појави, ќе биде многу доцна да се подготвиме и многу животи би биле загубени заради нашата инертност денес.“
Изложувајќи ја националаната стратегија за справување со можната пандемија, претседателот Буш од Конгресот побара преку седум милијарди долари за подобро спречување на ширење на вирусот и за зголемување на домашното производство на вакцини.
Оттука, речиси три милијарди долари ќе бидат искористени за развој на нова технологија за вакцини, за која официјалните лица велат дека на производителите ќе им помогне да обезбедат вакцина за секој Американец во рок од шест месеци од почеток на пандемијата.
Иако нема докази дека птичјиот грип досега се има пренесено од човек на човек, претседателот Буш вели дека здравствените работници се загрижени оти грипот покажал способност да зарази луѓе со смртоносната болест.
„Доколку вирусот развие способност да се пренесе од човек до човек, може брзо да се пренесе низ светот. На нашата земја и е дадано навремено предупредување од оваа опасност и време да се подготви.“
Претседателот вели дека дел од подготовките е да се вирусот пред тој да се прошири. 88 земји веќе соработуваат во мрежата за набљудување на грипот, а претседателот Буш бара преку 250 милиони долари за да им помогне на странските влади да обучат персонал за поефикасно откривање и тестирање на вирусот.
„Пандемијата на грипот може да има глобални последици, затоа ниту една нација не смее да си дозволи да ја игнорира оваа закана и секоја држава има обврска да го открие и сопре ширењето на вирусот.“
Еден од предизвиците на пандемијата на грипот е што на научниците им е потребен примерок од вирусот пред да можат да произведат вакцина против него. Затоа претседателот Буш вели дека владата складира соодветни лекови за првите месеци од појава на грипот, кога може се уште да нема вакцина.