Линкови за пристапност

Американскиот имиџ во муслиманскиот свет


Во медиумските извештаи, истражувањата и дускусиите, муслиманите ширум светот јасно ставија на знаење дека во основа ги сакаат американските демократски вредности, институции и производи. Но многумина имаат проблем со американската надворешна политика, која се смета дека е со предрасуди спрема муслиманите.

Нов извештај спонзориран од Комисијата за односи со странство потврдува дека перцепцијата што многумина муслимани ја имаат за САД, се базира на дезинформација. Крег Черни од истражувачката група Черни, што го изготвила овој извештај, вели дека во Египет, Мароко и Индонезија, каде се вршеле испитувањата, резултатите покажуваат оти многумина знаат многу малку за помошта што ја примаат од САД.

„Откривме дека има неверојатно мал број луѓе кои не знаат нешто за позитивните работи што САД ги прават во нивните земји – автобуси кои испупуштаат помало количество штетни издувни гасови, здравствените клиники што Америка ги обезбеди во Египет, комјутерите во училниците или образовните програми за обука и здравствените програми, а тука е и помошта за демократските избори во Индонезија.“

Г-динот Черни вели дека локалните, регионалните дури и меѓународните медиуми, сториле многу малку за да ја информираат јавноста во муслиманските земји за помошта и поддршката што ја добиваат од САД.

„Откривме дека доминантните новинарски куќи во овие земји, особено ТВ-мрежите како Ал Џазира, од некои причини, комплетно ги занемаруваат овие работи, додека американските медиуми во овие земји, како Радио Сава и ТВ-мрежата Ал Хура, сториле многу малку за успешно да известуваат за нив.“

Како резултат, вели г-динот Черни , постојат многу неточни и негативни стереотипи за американската надворешна политика. Многумина муслимани веруваат дека тоа поттикнува од евреите во Америка. Египќаните, Мароканците и Индонезијците велат дека повеќето муслимани во нивните земји сметаат оти на евреите отпаѓа мнозинството од американската популација.

„Добивме проценки од 10 до 80 проценти, а точниот одговор е два процента евреи во САД. Пософистицираните луѓе велат – Евреите се 10 проценти од населението, но 80 проценти од американскиот Конгрес. Точниот одговор е 12 проценти. На кратко, не само што луѓето се информирани само за одредени работи за САД, туку и во една важна област, муслиманите се активно дезинформирани за оваа земја.“

Кристин Саах од Арапско-американскиот институт во Вашингтон, вели дека проблемот лежи во недостатокот на економска и културна размена меѓу САД и муслиманските земји. Таа вели дека своите добра и услуги, како и својата образовна и технолошка експертиза, САД треба да ги направат подостапни за муслиманите во светот.

„Генерално, повеќето од Арапите ја сакаат американската култура и производи. Тие веројатно многу не ја сакаат американската политика, но ја сакаат идејата на американската култура и Холивуд, како и производите. Затоа верувам дека ова треба да го искористиме како предност и дека во таа смисла можеме многу да сториме на економски план.“

Според Кристин Саах, и Американците треба да научат повеќе за муслиманите, како за оние кои живеат во САД, така и за оние во странство. Со отпочнувањето на борбата против тероризмот, многумина американски муслимани се жалеа на дискриминација и на продлабочување на анти-американското расположение меѓу муслиманите во странство.

Порано, многу програми на размена на студенти, придонесуваа студенти, научни работници и новинари од прва рака да дознаваат нови нешта за култирата на земјата домаќин. Сепак, со завршувањето на Студената војна, финансирањето на овие проекти е намалено.

Г-динот Чарни вели дека фокус групите во Египет, Мароко и Индонезија, јасно ставаат на знаење дека муслиманите се подготвени на дијалог со САД, во кој тие се еднакви парнери.

Некои аналитичари велат и дека наместо да се критикуваат регионалните медиуми како што е Ал Џазира, САД треба да вложат поголеми напори во ваквите медиуми да ги вклучат и своите ставови. Чарни уште вели дека Египќаните, на пример, можно е и натаму да ја критикуваат американската надворешна политика, но барем тие ќе знаат дека нивната земја секоја година добива милијарди долари американска помош.

XS
SM
MD
LG