Претседателот Буш вели дека терористите нема да се смират, зашто сакаат да направат радикална исламска империја. Господинот Буш вели оти терористите го направиле Ирак централен фронт и дека САД нема да си заминат.
Претседателот вели дека војната против терористите нема да биде лесна и дека ќе има жртвување. Но, тој кажа дека победата е од клучно значење:
"Наша цел е да се поразат терористите и нивните сојузници во срцето на нивната моќ, и ние ќе го победиме непријателот во Ирак."
Во обраќање во Вашингтон пред група која промовира демократски идеали во светот – the National
Endowment for Democracy – претседателот се осврна на критиката на неговата политика во Ирак.
За оние кои велат дека американското присуство само испровоцирало повеќе насилство и непотребни жртви на многу ирачки граѓани, господинот Буш имаше одговор:
"Некои набљудувачи гледаат на работата што претстои и заземаат став на поразителен дефетизам. Тоа не е оправдано. Со секој бомбашки напад со секој закоп на дете, станува се појасно дека екстремистите не се патриоти или борци на отпорот, тие се убијци во војна со самиот ирачки народ. "
Претседателот Буш ги поврза терористите кои организираа напади во различни градови во светот – од Њујорк до Бали, Лондон, Шарм ал Шеик – со тирани од минатото. Тој зборуваше за одговорните за свирепости на нацистите, за масовни затвори во поранешниот Советски Сојуз, за Камбоџанските полиња на смртта и за кинеската културна револуција
Претседателот кажа дека радикалите кои ги вршат денешните терористички напади се кукавици кои убиваат невини во подготовка за идно угнетување. Тој кажа дека тие сакаат да направат цели народи робови и да го заплашат светот.
"Зли луѓе опседнати со амбиција и необременети со совест мора да бидат земени зериозно и ние мора да ги запреме пред нивниот криминал да се мултиплицира", кажа претседателот.
Забелешките доаѓаат во време на опаѓање на јавната поддршка за претседателот во однос на неговата политика во Ирак, како и во време на засилена критика од Капитол Хил.
Со референдумот за новиот ирачки устав кој доаѓа за помалку од две недели, претседателот Буш ги удвојува напорите да објасни што е во залог во Ирак и да придобие поголема поддршка за натамошното инволвирање на САД во земјата, како и да ги подготви Американците за можни нови жртви во каузата за слобода.