Линкови за пристапност

Oсуден професорот - педофил од Прилеп


Продолжено кривично дело обљуба со злоупотреба на службената положба и обљуба со злоупотреба на службената положба. За овие две кривични дела, професорот по музика Блаже Јорданоски од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ доби шест години затвор, во првиот ваков судски случај во земјата.

Во текот на тридневниот судски процес, затворен за јавноста и забрзан за да заврши пред почетокот на школската година, и со сослушани десетмина сведоци, меѓу кои и две ученички, обвинителството успеа да докаже две, од трите обвиненија. Малолетната Д.П. која го пријави наставникот за двегодишна сексуална злоупотреба, документирана и преку фотографии, ја повлекла претходната изјава за силување.

Прилепскиот суд одлучи наставникот Јорданоски да остане во притвор до правосилноста ан пресудата. Тој таму е веќе три месеци, откако обвинителството покрена кривична пријава против него. По пријавата од една негова ученичка, полицијата изврши претрес во неговиот кабинет каде пронашла дневници и фотографии како докази за кривичните дела.

Одбраната нема забелешки на текот на судскиот процес. За адвокатот Димче Партлаковски, казната е престрога и најавува жалба.

„Има повеќе основи, сега не можам да ги откривам. Меѓутоа по повеќе основи ќе биде нападната донесената пресуда. А второ, треба да ја добиеме, да се изработи, да ја добиеме, за да видиме на што би се извадиле, кои докази се ценети, не се ценети и слично.“

XS
SM
MD
LG