Линкови за пристапност

Египет – истрага за екплозииите во Шарм ел-Шеик


Трагајќи по можните сторители на трикратните бомбашки напади од саботата, во кои загинаа најмалку 88 лица, полицијата во Египет опколила две села во близина на одмаралиштето Шарм ел-Шеик.

Властите веруваат дека е можно двајца осомничени со пакистанско државјанство да се кријат во селата на Синајскиот Полустров. Денеска египетската полиција објави фотографии на шестмина Пакистанци кои се наоѓале во Шарм ел-Шеик за време на нападите, но потоа исчезнале, оставајќи ги своите пасоши во хотелот каде биле сместени. Група која вели дека е поврзана со Ал Каида презеде одговорноста за нападите во соопштение објавено на Интернет, но ова тврдење се́ уште не е верификувано.

XS
SM
MD
LG