Линкови за пристапност

САД го повторија противењето кон законскиот предлог со кои треба да биде задржана исплатата на американските давачки спрема ОН


На распитот во сенатската Комисија за надворешни односи, државниот потсекретар за политички прашања Николас Брнс рече дека сега е време на реформирање на ОН и го повика Сенатот да не ја усвои мерката од Претставничкиот дом.

„Ако ги ускратиме тие пари, а ние многу се противиме на тоа, тогаш убедени сме дека ОН ќе бидат помалку успешни.“

Паралелно со големиот број скандали во ОН, вклучувајќи ги и обвинувањата за корупција во Ирак со програмата нафта за храна и извештаите за сексулано злоставување од страна на мировниците, светското тело ќе одржи самит за реформите во септември. Амбасадорот Брнс изрази увереност дека голем број реформи ќе бидат усвоени на средбата, на која се планира да присуствува и претседателот Буш. Меѓу предлозите, кои ќе се разгледуваат, е и проширувањето на 15 члениот Совет за безбедност на ОН, промени во управувањето, како и реформирање на комисијата за човекови права на Светската организација.

Амбасадорот Брнс кажа дека донесувањето на закон за задржување на американските давачки ќе биде пречка за уставното овластување на претседателот да работи на надворешнополитички прашања.

Сенаторот Ричард Лугар, републиканец од Индијана, заедно со сенаторот Норм Колман, сопартиец од Минесота, претставија предлог-закон, кој ќе им даде опција на САД, а нема да поставува услови, средствата на САД наменети за ОН да бидат намалени доколку не се спроведуваат реформите: Амбасадорот Брнс вели дека администрацијата на Буш го поддржува предлогот на Лугар.

Поранешниот спикер на Претставничкот дом Њут Гингрич, Републикански ко-претседател со конгресната работна група за реформи во ОН, смета дека претседателот треба да има моќ да ја задржи исплатата на средствата спрема Светската организација. Но, демократскиот ко-претседател, поранешниот сенатор Џорџ Мичел, се спротивставува на таквата идеја:

„Ако кажеме – Ова е нашата листа на реформи. Ако не ги усвоите, ние ќе задржиме дел од парите. Што би ги спречило Јапонија, Германија и Велика Британија од презентирање на сопствена листа на реформи, и ако не им биде усвоена, да ги повлечат парите. Мислам дека тоа е потенцијално многу опасно од сите страни погледнато.“

Високиот демократ во сенатската комисија за надворешни односи Џо Бајден од Делавер, се согласува дека таквиот закон за повлекување на финансиски средства ќе го намалу кредибилитетот на САД во ОН. Тој потсети на 1990-та, кога САД ги намалија давачките спрема ОН и за малку ќе ги загубеа гласот во генералното собрание. САД се најголем донатор во ОН и придонесуваат во неговиот буџет со 22 отсто.

XS
SM
MD
LG