Линкови за пристапност

Лето е во САД  - и главна сезона за диви пожари


Само годинава, овие пожари уништија повеќе од 200 илјади хектари шуми. Но, сега американските научници развија систем за рано откривање во обид да спасат животи и имот.

Овие диви пожари во близина на западниот град Финикс, во Аризона, принудија околу 250 домови да бидат евакуирани само на 23 јуни. Пожарот поттикнат од ветрот уништи најмалку 120 квадратни километри.

Но сега, научниците од Универзитетот во Сан Диего од Калифорнија развија систем на сензори за кој се надеваат дека ќе им помогнат на сопствениците на домови да излезат безбедно, да им дадат време на пожарникарите за успешно гасење. Ова е професорот Џон Ким.

"Системот има потенцијал да спаси животи и имот на луѓето. Затоа сме возбудени, но исто така и претпазливи - што ќе значи тоа за нас!."

Инсталирани се сензори на три оддалечени места во шумите на општината Сан Диего.

Металните цилиндри имаат електронско око кое ја скенира околината барајќи инфрацрвена светлина, што не може да се открие со голо око, а се произведува од вакви пожари. Сензорот потоа испраќа предупредувачки сигнали на пејџери или мобилни телефони.

Стивен Абот е шеф на дивизијата на калифорниската Северна општина за заштита од пожари.

"Ни дава многу прецизна локација . Со други зборови, наместо пожар во Санта Маргарита Вели, што е површина од околу 50 квадратни километри, ние можеме точно да кажеме каде е пожарот, во рамки од дваесетина квадратни метри.

Сензорите работат на соларни плочи и дизајнирани се да оперираат 20 години без проблем. Тие беа развиени по пожарите во 2003 во кои загинаа 17 лица од општината Сан Диего.

XS
SM
MD
LG