Линкови за пристапност

Турските лидери го отфрлија француското неприфаќање на предложениот устав на ЕУ


Турскиот министер за надворешни работи, Абдула Ѓул, изјави дека француското одбивање на уставот со 55 проценти од гласовите, е нешто што ја загрижува француската јавност, а не Турција.

Тој додаде дека отпочнувањето на преговорите за членство било во рацете на Турција. Турската влада со темели во Исламот дојде на власт пред две години и вети дека ќе ја води земјата во ЕУ. Владата на чело со премиерот Реџеп Таип Ердоган усвои бројни правни измени што ги убеди европските лидери на 3 октомври да отпочнат преговори со оваа земја.

Иако во европскиот устав не се споменува можното членство на Турција, францускиот камп за гласање „против“ уставот, побуди стравувања да се прифати оваа голема, сиромашана земја со доминантно муслиманско население. Овие стравувања се присутни и кај други членки на ЕУ, особено во Холандија, која се очекува да го одбие уставот на референдумот во јуни.

Премиерот Ердоган во неодамнешното интервју за Гласот на Америка кажа дека да се поврзува членството на Турција со ЕУ со усвојувањето на уставот е погрешен пристап. Содржината на уставот, а не турското членство е она што е ставено на гласање.

Г-динот Ердоган ја обвинува француската влада и лидерите на француската опозиција, што прашањето за турското членство го користат како политичко орудие. Тој вели и дека без оглед на европските однесувања, Турција ќе продолжи да ја подобрува и зајакнува демократијата.

Ердоган истака и дека Турција го спроведува реформскиот процес за да го подобри животот на сопствените граѓани, а не по секоја цена да се приклучи кон ЕУ.

XS
SM
MD
LG