Линкови за пристапност

Во САД годишно има преку 58.000 деца- жртви на киднапирања


Речиси 98 проценти од случаите на грабнување имаат среќен крај – децата се враќаат дома. Повеќето деца се грабнати од страна на разведен родител кој нема старателство врз нив. Но затоа секоја година има по стотина случаи на деца грабнати од страна на туѓинец.

Една од мерките против грабнувањето е системот за известување и тревожење на национално ниво - АМБЕР, наречен во сеќавање на едно девојче кое немаше среќа да го преживее грабнувањето. Трејси Хенке е национален координатор на системот во Одделот за правда.

„Со системот се известуваат заедниците, федералните држави, полицијата, секој кој гледа телевизија, слуша радио...дека исчезнало дете. Со тоа сите инстанци се на штрек и имаат информација за грабнувањето“.

Ерни Ален од Националниот центар за исчезнати и злоупотребени деца вели дека најдобра превенција е сите да ги отворат очите.

„Милиони Американци се на улиците во градовите и тие се со најголема шанса да видат, да дознаат – со еден збор да ги имаат мошне битните информации за одредено грабнување“.

Системот АМБЕР се покажа како доста успешен. Благодарејќи на него, досега беа спасени животите на преку 200 деца. Меѓутоа, сите се согласни дека најдобар начин за заштита од грабнувањето, е родителите во секој момент да знаат каде се наоѓа нивното дете, со кого е, и што прави.

XS
SM
MD
LG